Шоуто на Халанд – постигна два гола против Барнли (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер сити ја почна сезоната со победа од 3-0 против Барнли во првото коло во Премиерлигата.

Кевин Де Брајне додаде до Родриго, кој потоа му асистираше на Ерлинг Халанд во четвртата минута за водство од 1-0. Само половина час подоцна Алварез го пронајде Норвежанецот за предност од 2-0.

Халанд има одличен почеток на сезоната и така најави дека повторно ќе биде главен кандидат за „Златната копачка“.

Норвежанецот минатата сезона постигна 52 гола на 53 настапи и запиша девет асистенции.