Шпанците постигнаа договор да се вратат на тренинзите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали се гледа светлината на крајот на тунелот?

Шпанската влада соопшти денеска дека постигнала договор со челниците на Фудбалската федерација и шпанската лига да ги вратат клубовите на редовен тренинг.

Владата не објави кога екипите ќе се вратат на тренинг, само дека тоа ќе зависи од пандемијата на вирусот и од одлуката на здравствените власти.

Претставниците на Владата и Ла Лига зборуваа скоро осум часа минатиот викенд.

На клубовите им било советувано дека мора да се придржуваат кон строгите протоколи кога фудбалерите ќе се вратат на тренинзи.

Шпанската лига и Фудбалската федерација направија здравствени протоколи за играчите.

Шпанската лига изјави дека не очекува натпреварувањето да продолжи пред крајот на мај и дека првите неколку натпревари ќе бидат без публика.

Фудбалската федерација и Ла Лига се согласија да дадат дел од парите од правата на телевизиските преноси за да им помогнат на другите спортови во Шпанија. Тие ќе создадат фонд од 10 милиони евра за да им помогнат на најранливите категории на спортисти.

Шпанските медиуми објавија дека екипите би можеле да се вратат на тренинзи до 9. мај, а дека натпреварите би можеле да започнат до 5. јуни.