Шпанците се гневни: Неправда – контроверзен гол од чист офсајд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми го нападнаа судијата Ентони Тејлор и неговите колеги од ВАР-собата по финалето во Лигата на нации, откако славеше Франција против Шпанија со 2-1.

Голот на Килијан Мбапе, кој ја однесе Франција до титулата, беше постигнат од контроверзна ситуација, односно од чист офсајд.

Судијата даде објаснување дека голот не бил поништен поради тоа што Ерик Гарсија имал минимален контакт со топката, иако тоа воопшто не влијаеше на играта.

На насловната страна на „Спорт“ пишува „Неправда“, а во текстот пишува дека Шпанија загубила од Франција на скандалозен начин, и тоа со гол од чист офсајд.

Ниту „Марка“, ниту „АС“ не беа понежни во насловот и сите го нападнаа судијата Тејлор поради тоа што не досуди чист офсајд.