Шпанците со интересен состав ќе се спротивстават на Романија и Фарски Острови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Роберт Морено го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство против Романија и Фарски Острови.

На списокот има неколку изненадувачки имиња, меѓутоа Морено нема да има можност да го образложи нивното селектирање затоа што прес конференцијата е откажана поради смртта на ќерката на Луис Енрике.

Шпанците на 5. септември гостуваат во Букурешт, а три дена подоцна ќе ја дочекаат репрезентацијата на Фарски Острови.