Шпанската полиција го фатила Барди со лажна возачка дозвола?

Македонскиот фудбалер Енис Барди вчера имал проблеми со шпанската полиција во Валенсија, откако бил запрен од полицајците со неговото „Порше“.

Барди им ги покажал документите, а полицијата сметала дека неговата возачка дозвола е лажна, па поради тоа не му дозволила да продолжи со управување на возилото.

Репрезентативецот на Македонија денеска се јави со соопштение на социјалните мрежи и објасни што се случувало.

„По информацијата од еден медиум кој објави дека е отворена постапка против мене за наводно фалсифкување на документи, поврзано со мојата возачка дозвола. Сакам да објаснам дека возачката која ја приложив при рутинската контрола во понеделникот на 5. април е потврдена од соодветни институции во мојата земја. Утрово до локалната полиција го доставив и сертификатот издаден од Министерството на внатрешни работи со што се потврдува валидноста на возачката дозвола. Недоразбирањето кое беше направено брзо ќе биде расчистено“, соопшти Барди.