Шпански уредник: Малиот гениј од Задар е тивкиот лидер на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Томас Ронкеро, познат шпански новинар објави колумна посветена на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој според него е лидер на екипата.

Новинарот пишува дека Модриќ е еден од најзаслужните фудбалери што Реал ја освои титулата во Ла Лига оваа сезона, како и тоа што игра во полуфиналето на Лига на шампиони (ЛШ).

„Карактерот кој го покажува на теренот, водството и гордоста за која не може да се преговара, поради која на секоја топка оди како да му зависи животот од тоа. Модриќ е тивок лидер на тимот кој зборува само на тревникот. Сите му се восхитуваат на малиот гениј од Задар“, пишува новинарот.

Реал го освои трофејот во Ла Лига, а сега на ред е елитната ЛШ, но во реваншот против Манчестер сити има негатива од 3-4.