Шпанските медиуми објавија како Меси ги мотивирал своите соиграчи на полувремето против Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа на свој терен го победија Интер со 2:1 во второто коло на групната фаза на Лигата на Шампионите.

Интер од третата минута со голот на Лаутар Мартинез дојде до водство од 1:0 и изгледаше дека непоразени ќе го напуштат Камп Ноу, но во второто полувреме Барселона на крилјата на Луис Суарез и Лионел Меси дојде до пресврт и убедлива победа.

Интересно беше на полувремето во соблекувалната на Барселона, а атмосферата не беше баш најдобра. Шпанскиот медиум Мовистар објави видео од Меси како тој ги мотивира своите соиграчи и успеаа да дознаат што им кажал тој.

„Момци, нема да полудиме сега поради резултатот и нема да донесеме непромислени одлуки. Натпреварот не е готов, одиме да ја одиграме нашата игра, ќе вршиме притисок кога ќе ја примат топката и ќе ја чуваме во наш посед. Во тоа сме најдобри, тоа мораме да го правиме. Ако играме нормално, ќе победиме.“, рече Меси.

Во второто полувреме Барса изедначи со фантастичниот гол на Суарез, а истиот играч даде гол и за 2:1 после одличните дриблинзи и асистенција од Меси.