Што е потребно да се направи за ПСЖ да го продаде Нејмар?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нејмар и понатаму е на раскрсница, па според некои шпекулации на бразилските медиуми Бразилецот ќе оди на турнеја по Азија, а од друга страна не се откажува од желбата да се пресели во Барселона.

Останатите опции не се реални, Јувентус нема толку многу пари, а Реал Мадрид се откажа, додека што се однесува до Манчестер јунајтед, тоа би бил голем маркетинг потег, но Нејмар не сака да игра во екипа, која не е во Лигата на шампиони.

Претседателот Насер Ал-Келаифи е разочаран од Нејмар, неговото однесување и дури мислеше дека против негова желба ќе го задржи Бразилецот, па макар и да седи на клупата.

Но, Леонардо и Томас Тухел се против тоа за да се создаде конфликт во соблекувалната, а газдите од Катар го делат истото мислење.

Во моментов услови за трансферот не постојат, но во следните три недели, до половината на август би можеле да се создадат, доколку Барселона собере доволно пари од продажба на фудбалери.