Што ќе биде ова: Манчестер Сити ја купи првата ѕвезда на бразилскиот фудбал за 32 милиони евра! Доаѓа во јануари (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Габриел Жесус потпиша петгодишен договор со Граѓаните.

Тоа е тоа. Шестото засилување на Манчестер Сити во тренерската ера на Пеп Гвардиола. И тоа какво. Граѓаните на инсистирање на новиот шеф на стручниот штаб ја завршија работата околу ангажирањето на Габриел Жесус, 19-годишниот годишен напаѓач на Палмеирас кој го бркаше, буквално, пола Европа!

На крајот го зграби Сити. На сметката на бразилскиот клуб се префрлени 32 милиони евра и обврска да уплатат дополнителна сума на име бонус, во зависност од бројот на одиграни натгпревари и евентуален трофеј кој ќе го освојат со него во тимот.

Најинтересно, Англичаните прифатија да го исполнат првиот услов на челниците на Палмеирас: да го остават Габриел Жесус во својата татковина, во вид на позајмица, до крајот на оваа сезона (локалното првенство завршува до декември), бидејќи Зелените се борат за титула.

Во јануари младиот шпиц ќе слета на Итихад.

„Манчестер Сити е еден од најдобрите клубови на светот. Исклучително сум задоволен што потпишав договор. Екипата има доста талентирани фудбалери, водени од раката на менаџерот Пеп Гвардиола, од кого можам доста да научам. Едвај чекам за на навивачите на Сити да им покажам што знам. Се надевам дека ќе имаме одлична заедничка иднина“, рече после потписот петгодишен договор Габриел Жесус.

Манчестер Сити го потврди трансферот, шести во ова лето. Претходно ги ангажираа Лерон Сане, Илкај Гундоган, Нолито, Александар Зинченко и Арон Мој.

„Воодушевени сме што Габриел избра да дојде баш кај нас. Се работи за еден од најголемите таленти на светскиот фудбал. Игра спектакуларно. Едвај чекаме да ни се придружи во јануари и да покаже какво влијание има на екипата“, рече спортскиот директор на Манчестер Сити Чики Бегеристајн.

Габриел Жесус е роден на 3 април 1997 година. Во оваа сезона првиот стрелецна бразилската Серија А, со десет голови на 17 натпревари, а моментално се наоѓа на подготовките на државниот тим за Олимписките игри во Рио де Женерио.

Во оваа лего го бркаа Реал Мадрид, Барселона, Рома, Интер, Баерн, ПСЖ, а го доби Манчестер Сити, што му е посебно драго, бидејќи истоот играч го бараше и Манчестер Јунајтед.

Погледнете како игра Габриел Жесус…

 

https://www.youtube.com/watch?v=Gqemskft0ag