Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Клаудио Лотито ова лето во Лацио го донесе Марсело Биелса, па навивачите на италијанскиот клуб се надеваат дека ова е почеток на едно победничко поглавје за лацијалите. Јужноамериканските медиуми им ги зголемија надежите со информациите дека Биелса на мета има двајца фудбалери од Премиер лигата, Енер Валенсија и Алесандре Пато.
Звучни имиња, но прилично ефтини со оглед на репутацијата. И на двајцата кариерите им беа во благ пад, но не треба да се заборави дека двајцата на есен ќе наполнат 27 години, а во пакет за нив Лацио би требало да плати само 10 до 12 милиони евра.
Договорот на Пато со Коринтијас истекува во декември бразилскиот клуб најверојатно нема да му го продолжи поради големата плата, додека Челси нема намера да го задржи во своите редови.
Валенсија нема да биде така ефтин, иако минатата сезона во главно беше во втор план во Вест Хем.