Што се „готви“ во Дортмунд – Замена за Санчо, сигнал до Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските медиуми синоќа пишуваа на оваа тема.

Неверојатниот Џејдон Санчо е желбата на многумина ова лето, но засега најконкретен беше Манчестер Јунајтед, чија понуда од 100 милиони евра ја одби Дортмунд.

„Милионерите“ бараат уште 20 милиони, кои засега не сакаат да ги плаќаат од „Олд Трафорд“, но се појави најновиот сигнал што укажува дека тие се уште може да бидат подготвени да направат отстапки.

Затоа што, тие веќе започнаа да бараат наследник на Санчо, а германскиот „Билд“ вечерва известува дека може да биде поранешен фудбалер на Јунајтед, Холанѓанецот Мемфис Депај, кој е член на францускиот Лион веќе три години.

Депај има едногодишен договор со Лион, но тој има желба ова лето да ја промени средината. „Билд“ наведува дека сегашната цена на холандскиот крилен играч е околу 44 милиони евра, што би можело да биде прифатлива за Дортмунд, под услов претходно да го продадат Санчо за сто милиони.

Сепак, директорот на Дортмунд, Мајкл Корк, уверува дека најмногу би сакал ништо да се случи по ова прашање ова лето и за Санчо да остане и следната сезона. Нема да биде лесно таа желба да се оствари …