Што се случи? Мек Грегор никогаш вака не зборувал за Хабиб!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Конор Мек Грегор пред неколку денови жестоко го предизвика Хабиб Нурмагомедов.
Јасно е дека Ирецот нишани кон нов меч против УФЦ шампионот во лесната категорија.

Сепак, пред него во октагонот Дагестанецот ќе влезе со Тони Фергусон, а борбата би требало да се одржи пред почетокот на 2020. година.

И додека се чека официјалната објава за борбата од страна на УФЦ, Конор Мек Грегор прогнозираше дека Хабиб ќе победи во овој двобој.

Сигурен е дека Орелот е во предност над Фергусон, а овие зборови се многу интересни бидејќи Мек Грегор многу ретко говори со позитивен тон за било која борба на Хабиб.

„Хабиб најверојатно ќе победи. Но ќе треба да видиме какви ќе бидат околностите во тој момент. Секој може да победи. Тони е многу цврст и јак борец, но знае да падне и од многу послаби борци од него кои во партерот знаеле да дојдат во доминантна позиција. Затоа предноста му ја давам на Хабиб“, изјави Конор.

Хабиб и Фергусон досега требаше да се сретнат четири пати, но борбата константно беше одложувана поради повреди и сите се надеваат дека конечно се ќе биде во ред и борбата овој пат ќе биде одржана.