Шумахер е во жална состојба: Потресна исповед на пријател на легендарниот возач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот возач од Формула 1, Михаел Шумахер осум години се бори со последиците од тешката несреќа која ја доживеа на скијање.

Овие денови ќе биде емитуван документарниот филм за неговиот живот, но во фокус ќе биде времето на неговата слава и успех, а не борбата за животот.

Пријател на Шумахер, Филиш Штрајф, кој и самиот доживеа несреќа по која остана парализиран често го посетувал Германецот додека бил во болница.

Откако се лекува во неговиот дом, само Жан Тод беше да го посети седумкратниот светски шампион во Формула 1.

„Не гледам поента да го држат во тајност и во таква состојба. Шумахер мора да е во кревет во жална ситуација. Слушнав дека загубил многу килограми“, вели Французинот.