Швеѓаните го провоцираат Левандовски: Мората, ти ли си?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведските медиуми го исмејуваат Роберт Левандовски и полската репрезентација по вчерашниот пораз од Шведска со 2-3.

Полјаците мораа да победат против Шведска за да се пласираат во осминафинале на Европското првенство (ЕП), но не успеаа во нивната намера, иако од 0-2 стигнаа до 2-2, но во судиското надополнување примија и трет гол.

„Полска? Не знаеме што се случи. Левандовски требаше да даде уште два гола, но се разбуди Алваро Мората во него“, беа дел од провокациите до полскиот напаѓач.

Левандовски по мечот кажа дека е тажен што уште сега неговата репрезентација го напушта турнирот.

„Тешко е да се биде расположен по ваков натпревар. Се боревме на теренот, но нешто ни недостигаше. Најверојатно вештина. Би ги пофалил соиграчите за борбата, но тоа не е доволно. Првиот меч на Европското првенство реши многу работи за нас“, вели Левандовски.

Напаѓачот на Баерн Минхен се сети и на ситуацијата од 17. минута, кога двапати погоди пречка.

„Штета за првиот удар, зашто малку лошо ја удрив топката. Може да разговарате за големите промашувања, но потоа постигнавме два гола, а тоа значи дека можеме да играме против било кого“, објаснува напаѓачот.