Сидвел се сети кога Мурињо им кажал дека ќе си замине: Лампард, Тери и Дрогба плачеа, беше како да умрел некој


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челси, Стив Сидвел се сети на моментите кога Жозе Мурињо се одлучил да си замине од клубот.

Португалецот седна на клупата на Челси во 2004 година, донесе многу успеси, а три години потоа доби отказ.

На тие моменти се сети и Сидвел кој не добиваше многу шанса да игра иако во клубот беше донесен од Мурињо.

„Сите играчи беа со него, не ја загуби соблекувалната како што се пишуваше. На денот кога заминуваше ја возев сопругата на аеродром и веста ја чув на радио. Бев шокиран. Бевме повикани на состанок, беше многу чудно да се гледа како се простува од нас. Владееше целосна темнина, како некој да умрел. Кога ќе видите силни луѓе како Дрогба, Лампард и Тери да плачат, јасно ви е дека заминал голем човек“ –изјави Сидвел.