Силвер: Нема публика? Сра*е, но тоа е нашата реалност!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер зборуваше за можното продолжување на најдобрата лига во светот, како и за условите во кои ќе мора да се игра, со оглед на тоа дека публика нема да има на трибините.

Одржана беше видео-конференција на која зборуваа кошаркарите, Силвер, како и претседателот на Здружението на играчите на НБА-лигата, Крис Пол, а се дискутираше за мерките кои ќе мора да се почитуваат.

„Тоа е сра*е! Сепак, тоа ќе биде наша реалност. Можеби и постои некој начин дел од навивачите да се пуштат во салата, така што ќе се пополни секое второ или трето место на трибините“, кажа Силвер.

Силвер кажа дека најважно е во таков случај да се почитуваат мерките на социјално растојание.

„Имајќи во предвид дека вакцината нема да ја добиеме наскоро, се прашувал дали постои начин во салата да пуштиме одреден број луѓе? Не мора да има 19.000, но може да има 5.000?“, порача Силвер.