Симеоне го реновира тимот: Атлетико го потврди првото засилување! (ФОТО)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанскиот вицешампион Атлетико Мадрид се засили со 30-годишниот Филипе, кој на „Ванда Метрополитано“ пристигнува од Порто.

Филипе за Порто настапуваше во претходните три сезони и одигра речиси 150 натпревари за тимот, а за неговото ангажирање платиле 20 милиони евра.

Тренерот Диего Симеоне е убеден дека фудбалерот на најдобар можен начин ќе го замени Диего Годин, кој по крајот на сезоната го напушта Мадрид.

Се очекува Филипе да биде прв во листата на нови фудбалери во Атлетико, зашто покрај Годин клубот ќе го напуштат уште Антоан Гризман, Филипе Луис, Хуанфран, Лукас Ернандез…

Инаку, Филипе потпише соработка на три години со шпанскиот гигант, а засега не е откриено колку пари ќе добие.