Симеоне не може да крене глава од проблеми, уште еден позитивен случај на корона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид во моментов е на добар пат да ја освои титулата во шпанската Ла Лига, зашто има 10 бодови повеќе од Барселона и Реал Мадрид, но лидерот на првенството доби лоши вести.

Откако вчера беше потврдено дека Жоао Феликс се заразил со ковид-19, тоа сега му се случи и на Муса Дембеле, кој пристигна како замена за Диего Коста.

Претходно позитивни на тестот беа и Марио Ермосо и Јаник Караско, а со вирусот се заразија и Луис Суарез, Диего Коста, Врсаљко, Лукас Тореира и уште неколку фудбалери.