Симеоне не се ракуваше, па Клоп се налути пред новинарите: Не сум идиот, ти си лош човек!


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се изнервира поради тоа што не се поздрави со него Диего Симеоне од Атлетико Мадрид.

На крајот на дуелот, кој го доби Ливерпул со 3-2, се случи необична сцена кога Симеоне избега во соблекувалната.

Клоп најпрво се изнервира поради прашањето со судиските одлуки, кои беа во корист на Ливерпул зашто Антоан Гризман доби црвен картон, а потоа беше досуден и пенал за поранешниот шампион, по што коментираше за Симеоне.

„Не сум идиот за да ме прашувате такви работи. Не бев лут воопшто. Но може вие да направите приказна од тоа. Јас сакав да се ракувам со него, но тој не сакаше. Бевме емотивни, а вие не сте добар човек што сакате да направите приказна од тоа“, вели Клоп.