Симеоне паркираше автобус, па порача: Сакавме да победиме против Манчестер сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид вчера се бранеше во формација 5-5-0, но сепак прими еден гол од Манчестер сити и загуби во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Диего Симеоне излезе на теренот во анти-фудбалска формација и така сакаше да остане непоразен на „Итихад“, но Кевин Де Брајне му ги расипа плановите.

Интересно е тоа што Симеоне по мечот кажа дека оделе на победа во Манчестер, иако на теренот ситуацијата изгледаше поразлично.

„Резултатот е лош затоа што сакавме да победиме. Тие се динамични и напаѓаат од сите страни. Во првиот дел одлично се браневме и можевме да нападнеме, а во вториот дел се заканивме преку контра-напади. Мора да играме подобро во реваншот“, вели Симеоне.