Симиќ постигна гол за Милан и ги расплака родителите (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан славеше со 3-0 против Монца, а младиот Јан-Карло Симиќ постигна гол и ги расплака неговите родители.

Дефанзивецот, кој пристигна од Штутгарт за еден милион евра,  играше како замена за повредениот Победа, но веднаш ги собра симпатиите кај навивачите.

„Среќен сум поради моите родители, тие ми помогнаа многу. Живееме заедно во стан во близина на Милано. Благодарен сум што ми помогнаа кога ми беше најтешко“, кажа Симиќ.