Син му го задолжи „светиот“ број: Замина во продавница и потроши 800 евра на дресови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога на 18 години ќе добиете легендарен број на дресот во еден од најголемите клубови во светот, тогаш е јасно дека вредите многу и се очекуваат големи успеси од вас.

Бројот 10 во Барселона во иднина ќе го носи Ансу Фати, еден од најталентираните фудбалери во светот, а сега доби чест да носи ист дрес како легендарните Ромарио, Ривалдо, Роналдињо и Меси.

Таткото на младиот фудбалер беше емотивен и неговиот татко замина во фан-шопот на Барселона, па на дресови потроши 800 евра.

„Ова е импресивно, никој не можеше да замисли вакво нешто. Лудо е. Зад нас е тежок период, плачевме многу, но Ансу е силен и ќе биде добар“, кажа таткото на Фати.

Младиот фудбалер имаше незгодна повреда и неколку операции, меѓутоа сега е подготвен да го покаже тоа што знае.