Синер го скрши Медведев за трофејот во Пекинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 7-6 против Данил Медведев во финалето на турнирот во Пекинг.

Во првиот сет се водеше израмнета битка, иако Синер имаше две брејк топки кои не ги искористи, но затоа во тај-брејкот беше подобар со 7-2.

Идентично беше и во вториот сет каде што Синер го скрши рускиот тенисер во тај-брејкот и со 7-2 стигна до нова титула во кариерата.