Синер му помогна на Ѓоковиќ да игра полуфинале во Торино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот Јаник Синер со 2-1 во сетови, односно 6-2, 5-7 и 6-4 славеше против Холгер Руне, иако немаше потреба од такво нешто бидејќи веќе беше пласиран во полуфинале на завршниот турнир во Торино.

Победата на Синер значеше и помош за Новак Ѓоковиќ, кој ќе игра во нокаут-фазата, откако претходно си ги искомплицира работите и зависеше од Италијанецот.

Да потсетиме, Синер е првиот италијански тенисер во историјата кој ќе игра полуфинале на завршен турнир.