Синиша Михајловиќ останува на клупата на Болоња до 2023 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ ќе остане на клупата на Болоња до 2023 година, така соопшти денеска италијанскиот клуб.

Болоња со Михајловиќ потпиша договор за продолжување на соработката, па во следните три сезони тој ќе им биде прв тренер.

Михајловиќ тренерската кариера ја почна како асистент на Роберто Манчини во Интер, по што беше шеф на стручниот штаб на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.

Додека во Болоња се врати во јануари 2019 година.