„Сините“ се разочарани: Челси го враќа Игуаин во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси ја заврши сезоната на третото место во англиската Премиерлига, иако навивачите очекуваа многу повеќе, но во секој случај тие ќе можат да го освојат трофејот во Лига Европа, кадешто ќе играат против Арсенал.

Фудбалерот на Челси, Гонзало Игуаин, кој е на позајмица, најверојатно ќе се врати во Јувентус, откако клубот од Лондон реши да ја прекине соработката со него бидејќи не се задоволни од напаѓачот.

„Дејли Мејл“ пишува дека Аргентинецот не ги исполнил очекувањата на Челси, па поради тоа управата размслува да го врати Алваро Мората, кој го испрати на позајмица во Атлетико Мадрид.

Во секој случај Челси го очекува тежок период, зашто летово нема да може да купува засилувања, па ќе мора да состави тим од сегашните фудбалери, а најверојатно ќе врати и неколку од позајмица.