Синот на Марсело на Реал му донесе шампионска титула: Гордиот татко на работ на солзите… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пионирите на Реал Мадрид ја освоија шампионската титула во Шпанија, а еден од најзаслужните за тоа е синот на фудбалерот на кралскиот клуб, Марсело, Ензо Гатузо.

Синот на Марсело ќе го прослави десеттиот роденден во септември, но веќе покажа дека се работи за голем потенцијал. Неговиот татко во Реал Мадрид игра веќе 12 години, а се чини дека и пред неговиот син е блескава иднина.

Имено, Ензо настапува за Пионирите на Реал кои станаа шампиони, а тој одигра фантастична сезона. Постигна 24 погодоци и беше еден од најдобрите играчи на овој тим.

Во одлучувачкиот погодок за шампионската титула тој постигна хет-трик и донесе титула на неговиот тим. Дури и Марсело го бодреше својот син на овој меч и по дуелот порача дека е исклучително горд на она што неговиот син го оствари оваа сезона.