Синот на Меси ја воодушеви јавноста со својата фудбалска магија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси наскоро ќе го прослави својот 33. роденден и блиску е до крајот на кариерата.

Меси веќе 15 години доминира на фудбалските терени со неговата магија, а дури шест пати беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.

Аргентинецот сигурно полека размислува за пензија, но него би можел да го замени некој од синовите, кои уживаат во играње фудбал.

Но, најмногу интерес покажува неговиот втор син, Матео, кој често оди на натпреварите на Барселона. Меси неодамна објави видео како игра фудбал со Тијаго и Матео, а вториот ги воодушеви сите со неговите голови.