Синсинати немаше доволно сила, Ремс е нов освојувач на Суперболот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Ремс го освои Суперболот откако на домашен терен во големото финале го победи Синсинати бенгалс со 23-20.

Отворањето на натпреварот им припадна на Ремс, кога Одел Бекам и Купер Кап со тач-дауни му донеса предност на својот тим од 13-3.

Меѓутоа, Синсинати до полувреме преку Хигинс намали на 10-13, а потоа во третиот период истиот играч погоди за водство на неговата екипа.

МекПирсон потоа погоди шут за три поени и возврати на спротивната страна, па по третата четвртина резултатот беше 20-16 за Синсинати.

Купер Кап на крајот стана херој на Рамс. Неговиот тим трпеливо го градеше нападот, ја имаше топката во свој посед речиси пет минути, а на минута ипол Кап направи тач-даун за победа.