„Сите патишта ме водеа кон криминал, но спасот го најдов во – фудбалот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Евертон, Ришарлисон откри дека имал многу тешко детство и дека малку недостигало да заврши на погрешен пат.

Ришарлисон реши да ја отвори душата и да откри што се случувало во неговото детство.

„Практично немав ништо во текот на детството, а сега наеднаш имам сè. Тоа го почитувам и размислувам за својата иднина. Не сакам да купам скап автомобил, туку парите ги вложувам во недвижнини. Досега има купив станови и куќи на моето семејство“, вели Бразилецот.

Сепак, бразилскиот фудбалер за малку ќе тргнел по погрешен пат.

„Пријателите со кои играв фудбал сега се вработени во супермаркети, а многу од нив се во затвор. Мојот пат беше само еден – кон криминалот, но вујко ми ме советуваше и ми кажа да му се посветам на фудбалот“, открива Ришарлисон.