Сите се радуваат по победата на Реал Мадрид, а најскапиот играч ги налути навивачите (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше против Севиља со 3-2 и остана лидер во Ла Лига, па треба да се случи само чудо за да не ја освои шампионската титула.

Повторно херој за „кралевите“ беше Карим Бензема, кој во судиското надополнување постигна гол за победа.

По средбата сите се радуваа во соблекувалната на Реал, а камерата го сними Герет Бејл како стои чудно и воопшто не ја слави победата.

Ова ги налути навивачите затоа што Бејл зема 38 милиони евра годишно, а не сака ниту да се израдува на победа на неговите колеги.