Сите се зачудија зошто Лунин не е во составот на Реал, но стигна објаснување од Украинецот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот голман Андриј Лунин нема да биде во составот за мечот на Реал Мадрид против Рајо Валјекано.

„Кралевите“ гостуваат кај градскиот ривал во рамки на 26. коло од шпанската Ла Лига, а дуелот е закажан од 18.30 часот.

Тренерот Карло Анчелоти го соопшти списокот со достапни фудбалери за натпреварот, а многумина се зачудија зошто го нема Лунин.

Лунин побарал од клубот да не биде во конкуренција за натпреварот затоа што е ангажиран да испрати хуманитарна помош на својот народ во Украина, кој веќе трет ден војува против Русија.

Украинецот ги замолил Шпанците да донираат храна или пари за да може да бидат испратени на жителите во неговата татковина.