„Скај Италија“: Познато кога Сари ќе се „ослободи“ од Челси и кога ќе биде промовиран како тренер на Јувентус

„Скај“ во Италија пренесува дека Маурисио Сари ќе си замине од менаџерската позиција во Челси во следните 24 часа.

60 годишниот стратег потоа се очекува да потпише договор со Јувентус и истиот да биде објавен утре доцна вечерта или во четврток во текот на денот.

Сари имаше солидна прва сезона во Челси тим со кој ја освои Лига Европа, а сезоната ја заврши на третата позиција на табелата во Премиер лигата.

Сепак, Сари имаше големи проблеми со однесувањето на играчите кои воопшто не го прифатија неговиот менаџерски стил.