„Скај Спорт“: Лигата на шампиони ќе се игра на неутрални терени!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лигата на шампиони ќе продолжи во август со новиот форма на натпреварување, барем така објави „Скај Спорт“.

Во текот на состанокот на УЕФА и Асоцијацијата на европските клубови беше договорен начин на кој ќе се заврши елитното натпреварување.

Посебно внимание се посвети на Лигата на шампиони, чија завршница ќе се игра во целосно различен формат од претходно.

Прво на програмата се реваншите меѓу Јувентус – Лион, Манчестер сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи и Баерн Минхен – Челси на 7 и 8 август.

Четвртфиналните дуели се закажани за 13 и 14 август, а ќе се игра по еден меч и тоа на неутрален терен. Во оваа фаза веќе се пласирани Аталанта, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Лајпциг.

Полуфиналните натпревари и финалето ќе се играат во Истанбул, што е нешто слично на фајнлфор, како во ракометната Лига на шампиони или кошаркарската Евролига.