“Скај Спорт” открива зошто Варди го одбил Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите на медиумскиот гигант “Скај Спорт”, причината што Варди не преминал во Арсенал е сфаќањето на фудбалот на Венгер.

Имено, 29 годишниот напаѓач сметал дека стилот на игра на Арсенал не би му одговарал.

Општо познато е дека Арсенал од кога “Професорот” е во клубот својата игра ја базира на поседот на топка, што спротивно од она што го игра Клаудио Раниери, каде што главниот акцент го ставаше на контранападите.

“Скај Спорт” додава и дека Варди конечната одлука ја донел откако разговарал со својот агент.