„Скај Спортс“ пренесува: Конте се договори со гигант од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите светски спортски медиуми „Скај Спортс“ пренесе дека Антонио Конте бил блиску до договор со тимот на Интер.

Искусниот стратег треба на клупата на „нероазурите“ да го наследи Лучијано Спалети кој веројатно ќе го одведе тимот во Лигата на шампионите, но сепак нема да остане тренер следната сезона.

Постои можност Спалети да остане на клупата на Интер, но тоа би се случило доколку договорот со Антонио Конте кој е 90% завршен пропадне и тој не се пресели на „Меаца“.