„Скај Спортс“ со вест која ќе ги израдува фановите на Јунајтед: Клучниот играч на Солскјер подготвен да ја продолжи соработката со клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маркус Рашфорд е подготвен да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед и целосно да се посвети на работењето под Оле Гунар Солскјер.

„Скај Спортс“ пренесува дека фудбалерот е подготвен да преговара за нов договор кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ уште најмалку пет години.

Сепак, весникот пренесува дека „ѓаволите“ се уште немаат подготвено нов договор за талентираниот Англичанец, но дека следниот период истиот ќе му биде ставен на маса.

Актуелниот договор на Рашфорд истекува во 2020 година и во него има клаузула за уште една дополнителна година.