Скалони се расплака во најавата за финалето против Франција (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина утре од 16 часот ќе се бори против Франција за трофејот на Светското првенство (СП) во Катар, а селекторот Лионел Скалони не можеше да ги сокрие емоциите во разговор за медиумите.

Во најавата на мечот во кој Меси ќе се обиде да стигне до трофејот кој му недостига во богатата колекција, Скалони откри што им кажал на неговите избраници.

„Што им кажав на фудбалерите? Вчера зборувавме за ова и им се заблагодарив за резултатите. Нема што да се каже, тоа го велам за секој Аргентинец. Веќе сум емотивно потресен, но треба да бидеме горди на досегашните резултати“, вели Скалони.