Скандал во Париз: Во салон за убавина претепани сестрите на Ријад Марез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алжирскиот фудбалер Ријад Марез вчера ја дозна шокантната вест кога полицијата му соопшти дека биле претепани неговите сестри Дуња и Инес.

Имено, Дуња и Инес се сопственици на козметички салон во Париз, кој работи со многу успеси веќе неколку години. Сепак, сите останаа во шок кога вчера беше објавено дека сè е скршено во салонот, и дека сестрите на Марез биле претепани, па биле итно пренесени во болница.

За среќа, лекарите потврдија дека не станува збор за сериозни повреди, но тие ќе останат во болницата на опсервација поради траумите. Дуња му ја соопшти веста на нејзиниот брат кој е во Манчестер, а Марез беше шокиран од сè што им се случило на неговите сестри.

Тие рекле на полицијата дека биле нападнати од група млади луѓе и дека нивната цел била навистина да ги повредат. Француската полиција објави дека станува збор за банда која напаѓа низ населбата и дека ова не им е прв ваков напад.

Надзорните камери покажуваат како 12 млади момци влегле во салонот и започнале да кршат сè. Сестрите на Марез се обиделе да ги спречат, но на крајот само го извлекоа дебелиот крај.

“Шокирани сме и потресени. Не знаеме зошто ни се случи ова и дали е можно тоа да е затоа што сме сестри на Марез. Сè се случи во секунда. Три автомобили застанаа пред салонот и тие момци нè нападнаа. Тие ги навредија сите кои беа таму и кршеа работи околу салонот. Едниот се обиде да ме задави, додека другиот ја погоди мојата помлада сестра “, рече Дуња.