Скандалозно: Бускетс откри што му кажал судијата за голот на Мбапе 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француската репрезентација вчера ја победи Шпанија со 2-1 во финалето на Лига на нации, но вториот гол на „галските петли“ беше ептен скандалозен.

Ернандез испрати додавање до Мбапе, кој излезе сам пред Симон и погоди за 2-1, но јасно беше дека францускиот напаѓач е во офсајд.

На многумина не им е јасно зошто не беше досуден офсајд за Мбапе и зошто голот беше признат, а по натпреварот Серхио Бускетс им откри какво објаснување му дал судијата.

Објаснување на судијата делува и повеќе од банално, но сега веќе е доцна и Франција е шампион во Лигата на нации.

„Судијата ни кажа дека Ерик Гарсија сакал да ја земе топката и тоа го поништило офсајдот. Тој сакаше да ја земе топката за да не дојде до Мбапе, кој очигледно беше во офсајд. Таква одлука нема никаква смисла“, вели Бускетс.