Скапо засилување се искара со Алегри, Мендеш веќе почнал преговори со друг тим?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека десниот бек на Јувентус, Жоао Кансело не е во добри односи со Масимилијано Алегри, па би можел на лето да потпише со Манчестер јунајтед.

Италијанскиот медиум пишува дека агентот на фудбалерот, Жорж Мендеш веќе почнал преговори со „ѓаволите“ и наводно реализацијата била многу блиску.

Меѓутоа, многу работи зависат и од иднината на тренерот Алегри, кој на крајот на месецов треба да разговара со претседателот Андреа Ањели, по што ќе биде познато дали ќе остане во Торино или не.

Кансело одлично ја почна сезоната, но повредата минатата зима му направи големи проблеми, па на пролет доживеа голем пад на формата.

Овој 24-годишен фудбалер ја чинеше „Старата дама“ околу 40 милиони евра, а во Торино пристигна од Валенсија.