Скопјанецот Козлов преживеа против Димитров, па му се извини на Надал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стефан Козлов, кој е роден во Скопје и се наоѓа на 130. место на АТП-листата, направи големо изненадување во првото коло во Акапулко, откако го победи Бугаринот Григор Димитров со 2-1 во сетови.

Козлов во текот на мечот имаше проблеми со грчеви, но на крајот успеа да слави, а по натпреварот против бугарскиот тенисер направи интересен потег.

Американецот тренираше со Рафаел Надал, кога му беше најавено дека ќе учествува на турнирот, по што мораше да го прекине тренингот и да се подготви за мечот во првото коло.

„Рафа, извини што морав да го прекинам тренингот“, напиша Козлов.