Скопје цела ноќ го славеше враќањето на Вардар во Прва лига (Видео)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар, по две години поминати во Втората лига, конечно се врати во македонската елита.

Вардар вчера славеше со 3-0 против Скопје во Кавадарци со што обезбеди место во Првата лига, а потоа „црвено-црните“ имаа шампионски пречек.

Голем број навивачи излегоа на градските улици да ги поздрават хероите кои по две години се враќаат во елитата.