Славен ММА борец: Би му ја скинал главата на Роналдо

Ирскиот ММА борец Конор МекГрегор изјави дека би му ја скинал главата на Кристијано Роналдо кога тие би се нашле во ринг.

Кристијано Роналдо неодамна имаше фотографија со Конор МекГрегор а познато е дека и Роналдо е нивен голем фан.

„Драг дечко и во добра форма. Но нема конкуренција тука, би му ја скинал главата“ – вели МекГрегор

„Вистински спортист и добро момче. Добар пријател. Веќе долго комуницираме“ – вели ирскиот борец