Смолинг денес лета за Рим каде треба да стави потпис на договор со тамошниот гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крис Смолинг и дефинитивно ќе го напушти Манчестер Јунајтед по цели девет години поминати на „Олд Траофрд“.

29 годишниот фудбалер се согласил да се пресели во Рома на едногодишна позајмица, а во текот на денешниот ден треба да слета во главниот град на Италија каде ќе ги мине неопходните медицински прегледи пред и официјално да стави потпис на договорот.

Смолинг по доаѓањето на Хари Мегваер падна во вто план кај Оле Гунар Солскјер, и иако е меѓу најискусните фудбалери ќе му биде дозволено да замине, со што Јунајтед ќе остане само со Аксел Туанзебе и Фил Џонс како стоперски тандем. Тука ќе може да ротира и Маркос Рохо доколку остане во клубот.

Инаку во договорот за позајмица нема клаузула за можен откуп на истиот по крајот на позајмицата.