Снајдер предупреди: Пандев не треба да се потцени, а со Македонија мора внимателно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Горан Пандев заедно со Весли Снајдер соработуваше во Интер, каде што постигнаа одлични резултати, а сега поранешниот репрезентативец на Холандија го коментираше мечот против Македонија.

Македонија ќе игра против Холандија во последниот меч од групната фаза во Амстердам, а Снајдер смета дека не треба никој да го потцени Пандев.

„Пандев е одличен фудбалер со фантастична лева нога и чувство пред голот. Покрај тоа што е одличен на теренот, тој е голем човек. Според мене тој беше потценет, но не треба да биде“, вели Снајдер.

Исто така, Снајдер ја предупреди Холандија дека мора да игра внимателно против Македонија.

„Знаете сите што ѝ се случи на Германија, мора да влеземе сериозно во мечот, само така може да славиме“, вели Снајдер.