Снегот ги одложи сите прволигашки натпревари во Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека натпреварите од Првата лига денеска нема да се одиграат поради снегот, кој падна во текот на вчерашниот ден.

Комисијата за натпревари при ФФМ реши дека нема услови за одигрување на пресметките, па дуелите се одложени за среда од 14 часот, кога треба да се комплетира 22. коло во првенството.

Натпреварите кои се одложени се:

Брегалница – Пелистер
Работнички – Шкендија
Ренова – Шкупи
Струга – Македонија ЃП
Академија Пандев – Борец