Снимката со Надал по финалето во Мелбурн ги налути навивачите: Ти се допингуваш! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не можеше да ја брани титулата на Австралијан опен затоа што беше депортиран, откако властите му ја укинаа визата, па неговите навивачи се бесни поради тоа.

Во неделата Рафаел Надал го доби финалето против Данил Медведев, па така стана најтрофеен тенисер по број на гренслем-титули.

Меѓутоа, навивачите се бесни затоа што Надал на 11 септември 2021 година позираше со патерици и многумина сметаа дека ќе ја заврши кариерата, а само 141 ден подоцна, по пет ипол часи тежок маратон успеа да го победи 10 години помладиот ривал Медведев.

Се појави и снимка на која може да се забележи дека Надал по тенискиот маратон замина во теретана да вози точак, а тоа ги налути навивачите кои го нападнаа дека се допингува, иако таквите обвинвуања се без основа.