Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Не се ретки фудбалерите кои во своите клупски кариери освоиле се што може да се освои, додека во репрезентативниот дрес никогаш ни подигнале трофеј.
Најсвеж пример за тоа е Лионел Меси, кој со Аргентина никогаш не може да направи успех каков што се очекува.
Но, ѕвездата на Барселона не е единствен со таква приказна, далеку од тоа….
Во продолжението погледнете ја листата на најголеми светски фудбалери кои останаа „недоречени“ во своите национални селекции.
Оливер Кан
Легендарниот Оливер Кан осум пати ја освои Бундеслигата, освои и Лига на шампионите, но со Германија никогаш не беше на највисокиот трон. Најдобра шанса за тоа имаше во 2002 година, кога Германија во финалето на СП загуби од Бразил.
Роберто Баџо
Славниот Роберто Баџо во својата репрезентивна кариера не знаеше за златен медал. Беше трет на СП во 1990 година, а втор четири години подоцна. Ќе се памети и по промашениот пенал во финалето против Бразил.
Јохан Кројф
Јохан Кројф без дилема е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Освои три Златни топки и многу трофеи со Ајакс и Барселона, но со репрезентацијата никогаш не освои златло одличје.
Загуби финале на СП во 1974 година, а две години подоцна со својата репрезентација заврши на третото место на ЕП. Од репрезентацијата се повлече пред СП во 1978 година.
Денис Бергкамп
Денис Бергкамп освои пет трофеи со Ајакс и седум со Арсенал, но со репрезентацијата на Холандија ниту еден.
Игреаше на сите големи турнири меѓу 1990 и 2000 година но негов најголем домет е полуфиналето на СП 1998 година. Освен тоа,губеше и полуфиналина на ЕП во 1992 и 2000 година.
Михаел Балак
Михаел Балак имаше одлична кариера, но важи за еден од најнесреќните играчи во финалината.
Губеше финале во 2002 и 2008 година, а се што има со репрезентацијата на Германија е бронза од 2006 година, што е слаба утеха.
Луис Фиго
Соевремено еден од најдобрите играчи на светот и освојувач на Златната топка не знае што значи трофеј во дресот на Португалија.
Со у-17 селекцијата на својата земја беше шампион на светот во 1991 година, но во А селекцијата никогаш не подигна трофеј.
Најблиску за тоа беше во 2004 година, кога неговата репрезентација во финалето е поразена од Грција. Две години подоцна, Португалија го завзеде четвртото место на СП во Германија.
Кристијано Роналдо
Троен освојувач на Златната топка не дочека трофеј со репрезентацијата на Португалија, а најголемата шанса за тоа имаше на почетокот на својата репрезентативна кариера.
Неговата репрезентација играше во финалето на ЕП во 2004 година и тоа во Лисабон, пред домашната публика, но тогаш сензационално е поразена од Грциај која стана шампион на Европа и така направи најголемо изненадување досега.
Лионел Меси
Со Барселона освои се што може да се освои и тоа по неколку пати, додека Златната топка ја освои дури пет пати, по што е рекордер. Сепак, со репрезентацијата на Аргентина има освоено само злато на Олимписките игри, но рака на срце тој трофеј не значи ништо во репрезентативниот фудбал.
Меси е крал на загубените финалина. Со Аргентина губеше во финалината на Копа Америка во 2007, 2015 и 2016 година, додека во 2014 година изгуби и во финалето на СП.
Лионел Меси најави повлекување од репрезентивниот фудбал после неуспехот во последното финале, па постои голема шанса за неосвоениот трофеј со Аргентина остане недостижен соон и „дамка“ во речиси беспрекорната кариера.