„Со тоа што го згазнав Робен си го уништив трансферот во Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Фелипе Мело призна дека во 2010 година имал договор со Реал Мадрид.

Сега 37-годишниот Мел во тој период настапуваше за Јувентус, а пред Светското првенство се договорил со шпанскиот гигант.

Сепак, моментот во кој Реал се откажа од трансферот е неговото газење на Арјен Робен во натпреварот против Холандија.

„Се договоривме, но тоа со Робен се случи и пропадна трансферот. Останав во Јувентус, а потоа заминав во Галатасарај. Таму станав најдобар Бразилец во турскиот фудбал и освоив многу трофеи. Можев со Реал да испишам историја, но немаше да ме сакаат како во Галатасарај“, објасни Мело.